Скопје за новогодишните празници ќе свети во боите на тендер тежок 285. 000 евра. Годинава на скопскиот плоштад ќе има и дигитална елка. Дигитализирањето на новогодишното дрво, украсените булевари и огномети го урнаа минатогодишиот рекорд од околу 260 000 евра искеширани за новогодишно декорирање на главниот град.
Според градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов нема ништо незаконско во тоа што фирмата Линк Медиа Плус која како опозиција често ја критикуваа на пресовите на Бихачка , 10та година по ред е ангажирана за новогодишно украсување на Скопје.
Сопственикот на фирмата Линк Медиа Плус, Ѓорѓи Вуков во телефонски разговор за Телма вели дека висината на тендерот ја одредуваат надлежните, но и открива и дека за прв пат оваа година ќе бидат украсени повеќе булевари а и дека во целата сума спаѓаат и огнометите за дочекот на Новата година.
Деновиве на големо се местат светилки на скопските булевари, а според најавите на Шилегов Скопје украсените улици ќе светнат на први декември.