Скопје 13. април 2020. / 20:10

Шилегов за грчки медиум: Не се повлекувам, ќе го урнам „Скопје 2014“

Шилегов за грчки медиум: Не се повлекувам, ќе го урнам „Скопје 2014“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за грчиот весник „Етнос“ зборувал за неговиот план за отстранување на галијата од реката Вардар како и за отстранувањена спомениците и фасадите кои беа дел од проектот „Скопје 2014“.

Како што пишува во „Етнос“ градоначалникот на Скопје Петре Шилегов – кој доаѓа од СДСМ (Социјалдемократски сојуз) е поддржан од Зоран Заев и се очекува да ја отстрани галијата до средината на април, без финансиско оптоварување на општината со што официјално ќе почне со уривање на проектот „Скопје 2014“.

Во интервјуто Шилегов вели дека нема да се повлече додека не го урне „Скопје 2014“.

Тој ќе чека зелено светло од општина Центар за веднаш по парламентарните избори да почне со уривање на спомениците, бидејќи како што вели одржувањето на статуите и фонтаните достигнува 500.000 евра годишно.

Шилегов за „Етос“ вели дека проектот Скопје 2104 е криминално дело на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, а негова должност е да ги отстрани спомениците и да го врати лицето на градот.

Целото интервју на градоначалниот Петре Шилегов може да го прочитате на следниот линк.