Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека во услови на на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати тој преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања со што директно ја отвора вратата за нови псртиски вработувања.
– Од „Дрисла“ Шилегов претвора партиска канцеларија на СДСМ каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8 614 000 денари или 140 илјади евра, соопштија од советничката група.
Оттаму додаваат дека бројката на луѓе кои ќе се вработат е непозната, но велат, затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила, а дека партиските вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори.
– Со ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку „Дрисла“ прави партиски вработувања тешки 8 милиони денари или 140 илјади евра, велат советниците во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од советничката група потсетуваат дека пред една недела прво криеја, а потоа откако беа фатени во лага Шилегов и Директорот на „Дрисла“, Коста Начевски признаа дека ќе купат три џипа за потребите на директорот.
– Прво се снабди со коли, а сега ќе трошат пари за партиски вработувања. „Дрисла“ нема зголемен обем на работа, а Шилегов дава зголемен буџет за нови партиски вработувања, велат од советничката група.
Апелирааат до Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи истата и да се пренаменат парите во решавање на проблемите на Скопјани.