Скопје 27. ноември 2019. / 11:42

Шилегов тврди дека „чудни сили“ го демолираат зелениот кров на ГТЦ

Шилегов тврди дека „чудни сили“ го демолираат зелениот кров на ГТЦ

„Чудни сили” синоќа се обиделе да го демолираат зелениот покрив на ГТЦ, но се фатени на дело, приведени и предадени во полиција, напиша денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил.

Наведува и дека заедно со граѓаните ќе биде упорен во борбата Скопје да стане поубав и попристоен град.

-Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои „чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а „чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст, пишува Шилегов во својот фејсбук статус каде во прилог има закачено и две видеа.