Скопје 17. август 2018. / 10:19

Шилегов: Скопјани ќе добијат Луна парк

Шилегов: Скопјани ќе добијат Луна парк

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека од следната сезона, скопјани ќе добијат Луна парк.

„Оваа сезона немаме луна парк и јас размислувам за целосно нов концепт на Луна парк, тоа би било партнерство на градот со заинтересиран понудувач доколку не успееме да дојдеме до таа позиција тогаш ќе го модифицираме постојниот проект на луна паркот и за наредната сезона скопјани да можат да имаат Луна парк. Преку еден милион евра градот има потрошено на партерно уредување на постојната локација, ако не успееме да го направиме на партнерски однос тогаш поради почитта кон парите на граѓаните ќе мора да имплементираме нешто на постојната локација“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.