Сериозно ја разгледувам можноста да поднесам кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, имајќи предвид дека вложил средства онаму каде што се пробива трасата, изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов при увидот во градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ и за изградба на нов мост на реката Вардар.
– Дел од овие лулашки, дел од ова игралиште за жал ќе мора да бидат отстранети токму поради проаѓање на коридорот. Но, овој коридор како таков постоел во Генералниот урбанистички план. Какво е лудилото на коридори главни, градски, да вложувате јавни средства за да изградите нешто што било шминка, без да размислувате за реалната потреба како што е мост на пример, тоа е прашање што ќе треба да го прашате Ивица Коневски или ќе го праша Јавното обвинителство, рече Шилегов.