Пожарникарите од следниот месец ќе ги добиваат надоместоците на плата при ризик на работа – ова е исходот од денешната средба меѓу градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и пожарникарите.
Шилегов вели дека станува збор за привремено решение, кое е постигнато преку правилник при Министерството за одбрана, додека да се донесе новиот закон за пожарникарство следната година. Правилото важи за скопските пожарникари.
До сега пожарникарите овие пари ги добиваа само преку судски пат.