Скопје 01. ноември 2019. / 10:49

Шилегов: Oваа година Скопје ќе добие дигитализирана елка

Шилегов: Oваа година Скопје ќе добие дигитализирана елка

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, синоќа давајќи отчет за сработеното најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка, заедно со „Винтерленд“ градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

Лани кога го промовиравме Винтерленд наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани нависнина немаше човек од Скопје а можеби од Македонија кој што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред, рече Шилегов.