Скопскиот градоначалник Петре Шилегов одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра игрица на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието.
– Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем. – напиша Шилегов.