Вардар има сериозни проблеми, пред се финансиски, тоа го потврди првиот човек на град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов.
Шилегов посочи точно колку е долгот кој Вардар го има во моментов и дека бараат нов спонзор кој ќе може да го оддржи Вардар во живот.
– Посветени сме и работиме за решавање на проблемот во Вардар, но мислам дека Вардар за жал се злоупотребува за политички цели. Дали сметате дека доколку дојде нов спонзор, ќе го прифати постоечкиот долг од 3,5 милиони евра? Тоа не е возможно. Вардар е македонска фудбалска традиција, па сега работиме на случајот за стратешки партнер на Вардар. Секој кој бил дел од Вардар, треба да понесе одговорност, никој не сака да го види Вардар пуштен низ вода, потенцира Петре Шилегов.
Шилегов јасно алудираше и на состојбата која ја остави Сергеј Самсоненко, односно дека и тој треба да го помири долгот за Вардар да може непречено да функционира.