Скопје 30. јули 2020. / 22:55

Шилегов: Одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесат целата држава и општество

Шилегов: Одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесат целата држава и општество

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесе целата држава и општество.

Тој посочи дека лично сака да се реставрира постојниот капацитет со постоен изглед, со внатрешни решенија на градалиштето, т.е. намалување на сегашниот број и се залага за изработка на нова мултифункционална сала на друга локација.

Прашан што е нацртано во постојниот ДУП на местото на Универзална сала, односно дали е точно дека е нацртана летна тераса со парк, Шилегов појасни дека конкурс е фаза на разговор, не е конечна одлука.

Конкурсот е начин на доаѓање до одлука, откако ќе ја донесете одлуката прилагодувате урбанистичко планска документација и постапувате на истиот начин. Конкурсите се дел од разговорот, за што ќе разговараме ние, дебатата јас не ја сведувам на тоа да разговараме бескрајно, дебатата е дел со постапка, овде разговараме легитимно за конкретни решенија – изјави Шилегов.

Тој напомена дека Универзална сала е место каде што се создала современата македонска култура и доколку не успее стручната јавност да го пронајде оптималното решение, тогаш е легитимно да има референдум.