Скопје 30. септември 2020. / 12:49

Шилегов од Драчево ќе прави депонија за хаварисани возила од Скопје

Шилегов од Драчево ќе прави депонија за хаварисани возила од Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов дефакто ја претвора населбата Драчево во депонија за метал, отпад на Град Скопје. Попладнево Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнит површини на територија на цело Скопје.

Ваквата одлука е проблематична имајќи го предвид фактот што илјадници возила ќе завршат на една локација во населбата Драчево. Искуството од минатото говори дека во близина на ваквите депонии редовно се горат кабли и акумулатори со цел да се дојде до вредните метали кој понатаму би се препродавале.

Сите хаварасина возила од помеѓу општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.