Скопје 27. септември 2019. / 15:23

Шилегов не открива каде ќе се сели администрацијата по продажбата на градската куќа

Шилегов не открива каде ќе се сели администрацијата по продажбата на градската куќа

Градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали ги прашал скопјани за намерата да го продава објектот и дека тој не е негов личен имот рече дека продажбата на градската куќа е одлука на Советот на Град Скопје а продажбата ќе биде јавна на аукција, која ќе биде транспарентна.

-Местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот. Тоа што некој ниту имал визија, ниту се грижел, ниту знаел и умеел да определува што се приоритети на Град Скопје во минатото, е една од причината зошто живееме во ваков град во овој момент. Негрижата за јавниот транспорт, за топловодната мрежа се дел од причините поради кои овој град е меѓу најзагадените. Ако знаеле што се приоритети на Град Скопје немаше да ја фрлат градската куќа таму каде што е фрлена, рече Шилегов.

Тој не сакаше да каже на која локација ќе се сели градската администрација откако ќе се продаде градската куќа, објави СДК.мк

Дозволете да започне процесот да видиме дали ќе ја продадеме, а потоа со средствата кои ќе ги обезбедиме ќе имаме многу посоодветни простории, додаде Шилегов.