Скопје 01. јуни 2019. / 19:41

Шилегов не можеше да одолее на чоколадната фонтана во ГТЦ

Шилегов не можеше да одолее на чоколадната фонтана во ГТЦ

Во ГТЦ денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2019“, на кој на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите што имаат дипломатски претставништва во Македонија и други меѓународни организации, пишува Фокус.

Овој настан не обединува во одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 Јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, да се соберат колку што е можно повеќе средства кои годинава ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Ова е прилика каде што секој од нас има можност да биде хуман и лично да придонесе во собирањето на средствата кои на овие дечиња им се повеќе од потребни – рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на отворањето на добротворниот базар.

На годинашниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на 27 амбасади и меѓународни организации во земјава.

„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1 Јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, а е во организација на Здружението „Macedonia Welcome Centre – DMWC“ во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје#, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е чешкиот амбасадор Мирослав Томан.