На првиот ден на пролетта екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите – туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров.
Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови, чие оформување е во тек“, рече денеска градоначалникот Шилегов.