Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ.
Тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот, соопшти градоначалникот на Скопје ,Шилегов на социјалните мрежи..
По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект, а од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ, пишува Шилегов.