Триесет милиони денари ќе потроши градот Скопје за набавка на нов мебел, фотелји, бироа, плакари за потребите на администрацијата и кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.
Додека се крати од капитални проекти како изградба на канализации, улици, не се инвестира во нови училишта, а се инвестираат 30 милиони денари за нов мебел.
Шилегов со новиот ребаланс ќе потроши над 80 илјади евра за пропаганда и Пи-Ар.