Според „Курир.рс“, хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ се вртоглави и се движат од 30.000 до 100.000 евра.
Најмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин. Чолиќ за сто илјади евра ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот во Скопје за 100.000 евра ќе ги забавува Скопјани.
Организатор на настапот на Мерлин е град Скопје., а градоначалникот Петре Шилегов се пофали дека бил упорен да го натера Дино да пее за Нова година во Скопје.