Скопје 18. март 2020. / 18:30

Шилегов ќе дава по 100 евра за седење дома

Шилегов ќе дава по 100 евра за седење дома

Град Скопје ќе ги наградува граѓаните кои ги почитуваат препораките за седење дома како мерка против ширење на корона вирусот.

На твитер профилот на Градот има објавено дека избираат најдобра фотографија на тема „Скопје дома“.

Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг #СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра – стои во објавата.