Јас сум познат како човек кој сака да провицира, објаснува скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Кој најави дека како политичар ќе продолжи да спроведува герила-акции, како онаа вчерашната, кога се претстави во улога на сообраќаец и воспоставуваше ред на „Љубљанска“, слика, која побуди различни реакции во јавноста.
Освен тоа што го повика МВР да си ја врши својата задача, вети дека ќевлезе и во бескомпромисна борба со непрописно паркираните таксисти.
Сепак, координирано или не, она што вчера го започна Шилегов, денеска го продолжија сообраќајните полицајци, кои ажурно казнуваа и опоменуваа несовесни возачи.
Инаку градските власти замолија Скопјани летово да бидат трпеливи, бидејќи ќе се реконструираат десетина фреквентни улици и булевари, а градежни зафати утринава започнаа на улицата „Ѓорче Петров“.