Скопје 25. јуни 2020. / 16:33

Шилегов и Галетановски потрошиле 290.000 евра за куќа за пингвини!

Шилегов и Галетановски потрошиле 290.000 евра за куќа за пингвини!

Набавки во вредност од неколку стотици илјади евра биле направени од страна на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје во 2019, институција со која раководи директор поставен од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Најголемата ставка се однесува на 287,517 евра за “Изведба на живеалиште за пингвини и фламинга”, пренесе Антропол.мк.

Во 2019 година Град Скопје склучил јавни набавки во вредност од 21 милиони евра. Ова е за 7 милиони евра повисока сума од 2018 година, што е пораст од 47%. (Податоците штотуку беа објавени во Базата на податоци за општинските тендери (достапна тука) изработена од страна на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Тимот на Антропол прегледа дел од јавните набавки на Град Скопје за 2019 година и забележа ставки кои во најмала рака се пример за неодговорно трошење на народни пари, а отвораат и сомнежи за злоупотреба на јавни фондови и функции.

Станува збор за набавки направени од страна на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје-Скопје РМ во 2019, кои се јавно достапни и ги вклучуваат и следните ставки:

287,517 евра за Изведба на живеалиште за пингвини и фламинга
187,479 евра за Набавка на реквизити за Дино Јура Парк
138,816 евра за Изградба на Дино Јура парк
57,561 евра за Поставување на разни огради

Целиот текст на Антропол може да го прочиате на следниот ЛИНК.