Скопје 01. септември 2020. / 15:21

Шилегов годинава не бил каснат од комарец!

Шилегов годинава не бил каснат од комарец!

Со вонредното терестично прскање против комарци што започна вчера во 21 часот мислам дека состојбата е сериозно ублажена и очекувам по завршување на прскањето целосно да се санира тој проблем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Секогаш кога се прска треба да се мисли пред се на здравјето на луѓето затоа што прскате хемикалија и затоа таа треба да биде по сериозни протоколи и препораки од здраветсвените власти. Не можеме ние да ги дигаме авионите и да прскаме секогаш кога мислиме дека тоа треба да го направиме. Целта на комарците не е уништување туку редуцирање на нивниот број, рече Шилегов.

На новинарско прашање дали  градоначалникот добил убоди од комарци, тој одговори

„Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам“, одговори Шилегов.