Скопје 21. март 2020. / 21:25

Шилегов: Го рушиме Медицинар за да се направи простор околу Инфективна

Шилегов: Го рушиме Медицинар за да се направи простор околу Инфективна

Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника.

Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар.

#СедиДома, напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Во рамки на активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Град Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.

Град Скопје потсетува дека во насока на подобрување на пристапноста до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, нивни екипи изминатиот период работеа и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.