Скопје 03. септември 2020. / 14:41

Шилегов: Да не се правиме на Тошо дека дивоградбава кај Мавровка било предмет на легализација!

Шилегов: Да не се правиме на Тошо дека дивоградбава кај Мавровка било предмет на легализација!

Не може да се прави споредба на претходниот простор со оваа грдосија што се изгради пред ТЦ Мавровка.

Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на новинарско прашање.

Таму е легализиран објект кој беше долго време во сутеренски простории. Да не се правиме на Тошо и да тврдиме дека тоа што било предмет на легализација, за што сопственикот платил надоместок, е ова што се руши. Во секој случај, рушењето е позаконито од дивоградбата, рече Шилегов.