Скопје 17. септември 2020. / 08:30

Селата Ракотинци и Добри Дол денеска без вода

Селата Ракотинци и Добри Дол денеска без вода

Селата Ракотинци и Добри Дол денеска  ќе имаат прекин со водоснабдувањето, информираат од РЦУК Скопје.

Поради дефект на приклучна цевка Ф 1 м.м. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на село Ракотинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување на дефектот, се наведува во соопштението.

Исто така поради дефект на приклучна цевка Ф 1 м.м. со прекинато водоснабдување утре ќе бидат и корисниците на село Добри Дол. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.