Скопје 21. јануари 2021. / 14:28

Се уриваат објектите околу езерото Треска: Шилегов не го исполни ветувањето за возобновување

Се уриваат објектите околу езерото Треска: Шилегов не го исполни ветувањето за возобновување

Иако на почетокот на мандатот Петре Шилегов јавно вети возобновување на езерото Треска сега тоа замира, а во Матка растат дивите платформи.

Започна уривањето и расчистување на старите објекти кои некогаш го красеа излетничкото место Треска.

Со градежна механизација општина Сарај започна со уривање на дел од објектите и старите тоалети кои се околу езерото Треска.

Планирано е околу езерото да изгради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам.