Скопје 07. март 2020. / 13:26

Се расчистува теренот за нов парк во Карпош

Се расчистува теренот за нов парк во Карпош

Механизација и екипи од јавните претпријатија на Град Скопје почнаа да го расчистуваат и рамнат просторот за новиот парк во оштината Карпош. Дел од овој простор кај хотелот „Александар Палас“ досега беше дива депонија каде се палеа огнови на отворено.

По расчистувањето, на ова место ќе има нов парк на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градини, како и содржини за спорт и рекреација, информираат од Град Скопје.