Скопје 24. октомври 2020. / 09:58

Санкционирани 370 возачи во Скопје, 62 неисправни и нерегистрирани возила

Санкционирани 370 возачи во Скопје, 62 неисправни и нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 370 санкции, меѓу кои 55 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 62 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 54 за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.