Скопје 18. септември 2018. / 22:28

Разговорите околу гасоводната траса на Водно заглавени во ќорсокак

Разговорите околу гасоводната траса на Водно заглавени во ќорсокак

Граѓанските организации се против ставовите на власта, не попушта никој. Ниедна дебата за изградбата на магистралниот гасовод кој е поредвидено да поминува низ Водно, не даде никаков резултат.Локалната и централната власт дадоа примери дека во светот се гради во заштитени локалитети.

Но, се верува дека треба да им се верува на научните стручни анализи кои се најрелевантни а во овој случај тие покажале дека изградбата на гасоводот ќе предизвика мала штета на животната средина.

„Данска има 13 отсто од обалата во Европа. Шуми има 0,09 шуми што има во Европа ама на обалата доаѓаат 40 милиони туристи а во шумите 70 милиони туристи. Зошто затоа што имаат изградено објекти кои што нудат сервиси“, рече Јани Макрадули заменик министер за животна средина.

„Секоја нова траса дефинитивно ќе има поголемо и подиректно влијание врз животната средина во Скопје од колку сегашната која поминува низ Водно“, изјави Бајрам Реџепи директор на МЕР.

Еко здруженијата не отстапуваат од своето. Велат дека нема да дозволат градежните работи да продолжат во заштитено подрачје. Побараа властите под итно да се најдат алтернативно решение.

„Сеча на дрва може да има секаде , но ние зборуваме за запштитена парк шума . Шумата водно е заштитена , Законот дали е важечки или неважечки тоа е работа на владините институции што треба да ја решат.Само манипулација е дека законот е истечен , но искрено каков и да се донесе нов закон сите сме свесни дека парк шумата Водно ќе биде заштитено подрачје“, нагласи Татјана Мијалкова граѓанско здружение „Го сакам Водно“.

„ Ние зборуваме за некаква брза гасификација која дефинитивно нема брзо да се случи.Прво на луѓето од руралните средини треба да им обезбедиме приклучок кој чини многу околу 800 евра во моментов а опремата која треба да ја купат околу 1500 евра а тие имаат целосна опрема дома да се греат на дрва и не гледам дека во блиска иднина ќе престанат да го користат тој начин на греење“, рече Андреа Јанков граѓанско здружение „Го сакам Водно“.

Повеќе од еден месец градежните работи на Водно се стопирани. Магистралниот гасовод го чека епилогот од преговорите. Предвидено е да поминува преку Водно и да стаса до Гостивар и до Тетово.