В понеделник пазарџиите од скопски зелен пазар излегуваат на еднодневен предупредувачки штрајк.
Незадоволни се од новите ценовници за закуп на тезга и како што велат од не обезбедувањето еднакви економски можности за сите закупци за да обезбедат пристојна заработувачки и редовно плаќање на месечните давачки за закуп на тезга.
Пазарџиите бараат закупнината на тезга да биде еднаква за сите по 3600 денари месечно. Според нив новите ценовници кои ги добиле од управата на Скопски пазар предвидуваат дневната закупнина од 100 денари да се зголеми на 250 денари за тезга и укинување на можноста од 2000 денари за резервација за зимскиот период и сега сите треба да плаќаат по 5250 денари месечна закупнина.
Ако нема слух за нивните барања тие најавуваат дека по еднодневниот штрајк ќе организираат и други протести во кои ќе бидат вклучени сите пазарџии од сите скопски пазари. Досега велат никој од раководството ниту ги посетил ниту ги контактирал заради што и се одлучиле на еднодневен штрајк пред платото на зелениот пазар.