Скопје 19. февруари 2020. / 14:22

Прифатена иницијатива за урбанистичко уредување на локацијата кај „Треска“

Прифатена иницијатива за урбанистичко уредување на локацијата кај „Треска“

Советот на Општина Центар  на вонредна седница го усвои Заклучокот со кој се одлучи дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна „Треска”.

– За разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“, соопшти Општината, додавајќи дека уште еднаш и општината и градоначалникот Саша Богдановиќ застанале на страната на жителите и јавноста.

Советниците на општината, со 12 гласа „за”, изгласале дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

Од Општината информираат дека за зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата ќе биде вклучена целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти