Скопје

Пожарот во Лисиче е изгаснат

Пожарот во Лисиче е изгаснат

Пожарот што попладнево избувна во близина на каналот во Лисиче на ул. „Гаврил Константиновиќ“ е изгаснат, по интервенцијата на четири возила со 11 пожарникари.

– Пожарот е комплетно ликвидиран. Во момнтов се прави обиколка и контрола на теренот.  Зафатена е сува трева од еден хектар и 20-ина половни возила растурени за делови, изјави за МИА Мирослав Беслаќ, заменик-командир на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Причината, рече тој, засега е непозната, но најверојатно е од човечки фактор. Пожарот бил  пријавен во 14.35 часот.