Пожарот над скопската населба Пинтија кој избувна денеска е ставен под контрола. Во овој пожар беше зафатена мешана шума на поголема површина.
Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.
– Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства – изјавија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.