Скопје 26. октомври 2018. / 14:06

Пожар во скопската населба „Пролет“, на терен три противпожарни возила

Пожар во скопската населба „Пролет“, на терен три противпожарни возила

Пожар избувнал претпладнето во стан на улицата „Никола Карев” во скопската населба „Пролет”, јавува МИА.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е пријавен кај нив околу 11 часот и оти интервенирале со три возила и осум пожарникари.

Пожарот е изгаснат околу 12:20 часот.