Скопје 10. мај 2018. / 21:12

Пожар избувна кај новата зграда на НБРМ

Пожар избувна кај новата зграда на НБРМ

Пожар избувна вечерва кај новата зграда на Народната банка, што се гради до Министерството за надворешни работи, пишува А1он.

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, за А1он изјави дека во гасење на пожарот интервенирале две возила и пет пожарникари и дека огнот е изгаснат. Тој информира дека горел градежен материјал и дека пожарот бил надвор од објектот.

Причините засега не се познати.