Скопје 03. јули 2018. / 11:13

Полицијата вчера во Скопје казнила 90 возачи, „пајакот“ кренал 67 возила

Полицијата вчера во Скопје казнила  90 возачи, „пајакот“ кренал 67 возила

Сообраќајната полиција во Скопје вчера, 2 јули, казнила 90 возачи, а „пајак“ службата отстранила 67 непрописно паркирани возила.

Најмногу возачи се казнети бидејќи возеле над дозволената брзина – вкупно 49. Исто така исклучени се и 22 возачи бидејќи двајца го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца биле возачи почетници и 18 возеле без возачка дозвола.

Од сообраќај се исклучени 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил и четири не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал улица надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 63 мандатни платни налози, додека 67 возила се подигнати со „пајак“. Исто така, вчера во Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со лесни телесни повреди.