Скопје

Полицијата вчера казнила 184 возачи, а „пајакот“ кренал 70 возила во Скопје

Полицијата вчера казнила 184 возачи, а „пајакот“ кренал 70 возила во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, 7 јуни, пајак-службата кренала 70 непрописно паркирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи. Исто така, вчера се случиле 11 сообраќајни несреќи, од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и четири со материјална штета.

Според информациите на МВР, вчера се казнети 120 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени од сообраќај биле и 22 возачи бидејќи 14 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, тројца биле возачи почетници и пет поради други прекршоци. 16 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола и технички неисправни. Осум возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно престигнувал, двајца не дале првенство на минување возила и 13 користеле мобилен телефон.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин.