Чашка алкохол плус во скопските кафеани ќе ви донесе субвенција од сто денари за такси превоз до дома. Но, за тој бенефит гостите ќе треба претходно да направат он-лајн резервација.
Целта била да се подигне свеста на граѓаните кои возат во алкохолизирана состојба.
Ова е дел од кампањата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот „Ги возиме одговорните“. Бројката на граѓани кои возат под дејство на алкохол е загрижувачка велат оттаму.
Во кампањата вклучени се триесет ресторани кои се на веб страната restorani.mk.