Познатиот музичар Петар Ѓеоргиевски , попознат како Перо Камиказа на Фејсбук објави документи за прославата на Нова година која ја организираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Камиказа според приложените документи тврди дека целата организција на новогодишната ноќ чинела неверојатни 260.000 евра додека настапот на босанската ѕвезда Дино Мерлин бил платен 100.000 евра.
Овој текст немаше да постои доколку горе споменатиов лик што презимето му почиња на Ш……. не изјавеше во еден портал дека конечно паланката Скопје ја направил метропола со настапот на Дино Мерлин. Види Бога ти!? Во прилогот што следи ќе видите дека Скопје многу пред он и да знае дека се пречекува Нова година на плоштад веќе бил метропола. И тоа со писанија во светски часописи. А чинело 10 пати помалку. Кај испариле парите?!-прашува Георгиевски.
За вакви суми какви што читате подолу од прикажаните документи, драги сограѓани, можеше да не забавува Стинг, Ерик Клептон или Дуа Липа (за да бидат задоволени и коалициските…).
Во прилозите кои ги гледате, еве го патот на парите (или патот на свилата) или арачот кој одредени особи го наплатиле од нашите пари т.е. даноци. Само за овој настан вкупната сума изнесува над 260.000 евра, а тука се хонорарот на Дино 100к, за озвучување 100к (ја чудим – ово многу јако!) и 65к за организација.
Тоа што раскажуваше гачки дека тие пари што ги праќал во МКЦ се наменети за дочекот на ракометарите е чиста лага. Во прилогот има друга фактура која покажува дека за таа ракометна намена се исплатени други 539.305,00 денари и носи друг број на договор, пишува тој.
За Winterland и осветлувањето на Скопје за Нова година 2020 ви оставам на вашата фантазија да замислите колку би можело да кошта. За МКЦ, кој е наводно алтернативно место за културата на младите, е всушност едно од главните дувла за правење разно-разни матни работи. А за жал не е идинствено. За тоа во деновите што следат.Инаку „тајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните. Или што би рекол Кочо Рацин: „Копај си црни гробови за туѓи бели дворови!“, пишува Петар Георгиевски – Камиказа.
ЧОВЕКОТ НА КОЈ ПРЕЗИМЕТО МУ ПОЧНУВА НА Ш……Името не му го споменувам зошто тоа име личи да го носат: Петре М….
Gepostet von Petar Georgievski – Kamikaza am Freitag, 18. September 2020