Скопје 20. ноември 2019. / 18:58

Ова скопско село 40 часа е без струја

Ова скопско село 40 часа е без струја

Скопското село Грчец над 40 часа е без струја, а екипите на ЕВН не можат да го решат проблемот поради кој граѓаните два дена живеат како во 19 век, пишува Експрес.

За вас можда дошол животот но кај мене во Грчец еве два дена немаме струја пишуваат граѓани на социјалните мрежи.

Веста за проблемите во Грчец дел од медиумите на албански јазик ја илустрираат со слики на запалени возила на ЕВН што кај дел од локалното население се толкува како закана дека ако компанијата не реагира ќе дојде до инцидент.