Скопје 11. јули 2020. / 14:14

Ова е „Дино паркот“ за кој Шилегов потроши 350 илјади евра

Ова е „Дино паркот“ за кој Шилегов потроши 350 илјади евра

Трет ден по ред ги обелоденувам твоите матни зделки од криминален карактер и сето тоа преку Зоолошка градина Скопје и твојот директор Галетановски, му порача на скопскиот градоначалник Стефан Кирков.

За директороот на ЗОО додава:

Во животот освен рипка во аквариум не знае за друго животно, но нејсе, за тепачки по дискотеки врати – да, а и тоа е нели е способност и делењето флаери да те напраи директор на ЗОО, но таков му треба на Петре за да потпишува сè, па утре ќе му напраи пу-пу не важи и ти зема од колачето!!!

Kирков открива дека Шилегов склучил набавка вредна 350.000 евра во месец јануари за изградба и аквизити на Дино парк.

Сега покрај фоткиве да ви објаснам што е Дино паркот… Значи НЕМА изградба туку на територијата на ЗОО во еден дел има поставено метални диносауруси вредни 350.000 евра!