Скопје 09. октомври 2018. / 14:21

ОРКА Холдинг против Златко Марин: Не е наше земјиштето кај Мајчин дом

ОРКА Холдинг против Златко Марин: Не е наше земјиштето кај Мајчин дом

Најодговорно тврдиме дека споменатото земјиште кај Мајчин дом во општина Аеродром каде што е предвидена изградба на деветкатница не е, ниту некогаш било во сопственост на ОРКА Холдинг. Граѓаните беа сведоци на лажните изјави на тогашниот кандидат, а сега градоначалник на општина Аеродром Златко Марин во врска со наводната сопственост со споменатото земјиште, се вели во официјалното соопштение на компанијата.

„По наше предупредување со тужба за клевета сегашниот градоначалник јавно се извини за дадената лажна изјава. Овие денови граѓаните на град Скопје и општина Аеродром се револтирани поради отпочнувањето на градење на висококатница на зелената површина пред Мајчин дом во општина Аеродром.

Со оглед на фактот дека Орка Холдинг е компанија која своето работење го темели на силни вредности како грижа кон општеството и заедницата чувствуваме потреба и одговорност кон граѓаните уште еднаш јавно да го расветлиме овој случај“, се вели во соопштението.