Скопје 02. ноември 2018. / 17:38

Општина Гази Баба демантира: Нема да има нова фабрика за тешка индустрија во склоп на „Железара“

Општина Гази Баба демантира: Нема да има нова фабрика за тешка индустрија во склоп на „Железара“

Од Општината Гази Баба велат дека не е вистина оти ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамки на комплексот „Железара“. Како што додаваат оттаму, самиот опфат согласно ГУП, кој е на важност до 2021 година, предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква.

-Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти- се наведува во реакцијата на општината.

Оттаму смируваат дека нема место за паника и дека граѓаните можат да бидат спокојни, зошто во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради.