Скопје 23. јули 2020. / 12:48

Општина Чаир преку весници ќе го бара инвеститорот на нелегалниот објект кај Мавровка

Општина Чаир преку весници ќе го бара инвеститорот на нелегалниот објект кај Мавровка

Локалната власт во Чаир не знае кој гради пред Мавровка. Инвеститорот велат од општината е анонимен и затоа не можеле да го известат дека објектот е дивоградба и треба да се урне. Кога биле на терен општинските инспектори, лицата присутни на објектот одбиле да го потпишат записникот.

Поради ова од општината за Алсат рекоа дека сега  преку објави во весници  ќе го информираат сопственикот дека објектот кој го гради е дивоградба и треба да го сруши до крајот на јули. Ако тоа не го стори сам, тогаш општината ќе го урне, но претходно ќе треба да ангажира и фирма за тоа.