Општина Центар склучила договор со компанијата „Анизор”, со што седум специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период.
–Со две возила со плуг и соларка, четири специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден т.н. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремна ќе ги дочека првите врнежи на снег, се наведува во соопштението од општината.
Оттаму велат дека се во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и во координација со градските служби, се подготвени веднаш да делуваат во случај на евентуални снежни наноси.