Советот на oпштина Центар донесе одлука за доделувањето на парична помош во висина од 400.000 денари за градовите Петриња и Сисак во Хрватска, кои беа погодени од катастрофален земјотрес на 29 декември.
На предлог на градоначалникот одлуката беше едногласно донесена на седницата на Советот, наведе службата за информирање на Центар.
Средствата ќе бидат уплатени во Фондот за солидарност на посебната сметка на македонскиот Црвен крст и во најбрз можен рок ќе им бидат достапни на граѓаните на Петриња и на Сисак.