Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што досега ги плаќаа родителите.
„Од Општината велат дека преку овој проект сакаат да им помогнат на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Општина Аеродром за обезбедување на училиштата и градинките во својот буџет предвиде пет милиони денари.
Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на почетокот на новата учебна година заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче.