Сопственик на локал на булеварот „Климент Охридски“ испратил фотографија со која ја документирал отстранетата нелегална тераса на сопствена иницијатива, пишува на својата фејсбук-страница градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
– И соседниот локал најави дека во наредните неколку дена ќе ја отстрани својата. Ги охрабрувам и другите сопственици на локали на кои Општина Центар им има доставено решенија за рушење на „дивите“ тераси да го направат истото. Нашата акција продолжува, ред мора да има. – потенцира Богдановиќ.
Додека Богдановиќ се бори да го зачува центарот на Скопје, Охрид не мрда со прст да го заштити природното и културното наследство.
Општина Охрид е под закана дека ќе влезе во црната листа на УНЕСКО, баш поради огромниот број на нелегални објекти.
На самитот на УНЕСКО во Азербеџан, Охрид доби втора шанса, што значи дека до 1 февруари 2020 година, мора да се справи со дивоградбите.
