Скопје 31. октомври 2019. / 13:22

Од утре жичарницата на Водно со ново работно време

Од утре жичарницата на Водно со ново работно време

Од утре почнува зимското работно време на Жичарницата на Водно. Како што соопшти ЈСП – Скопје, Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно од горе надолу во 16.45 часот.

Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Неработни денови на Жичарницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот, потсетува ЈСП.

Од утре ќе биде изменет и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk. Возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.

ЈСП наведува и дека во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, 1 ноември, и задутре, сабота, на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а дополнителни информации можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.