Во просториите на Општината Аеродром денеска се одржа консултативен состанок со директорите на основните училишта од општината, кои добија насоки за продолжување на едукативниот процес на учениците, информираат општинските служби.
Наведуваат дека наставата ќе се одржува преку онлајн-платформата на Гугл класрум (Google Classroom).
-Постапката на креирање на онлајн-училниците со одделенските раководители во училиштата ќе заврши во текот на утрешниот ден со внесување на имињата на учениците во апликацијата Гугл класрум, информираат од општина Аеродром.
Оттаму апелираат до учениците да ги следат упатствата на нивните оделенски раководители.